Битие (1 Moj.) 31:47-53 MKB

47 Тогаш Лаван го нарече Јегар Сахадута (Брег на Сведоштво), а Јаков го нарече Галад.

48 Тогаш Лаван изјави: „Нека овој куп, денес, биде сведок меѓу мене и тебе!” Затоа е и наречен Галад,

49 но и Мисфа, зашто рече: „Господ нека нè надгледува и тебе и мене, кога ќе си отидеме еден од друг.

50 Ако постапуваш лошо кон моите ќерки, или ако земеш други жени покрај моите ќерки, иако никој друг не ќе биде со нас, знај дека Бог ќе биде сведок меѓу мене и тебе!”

51 Потоа Лаван му рече на Јакова: „Еве, тука е купот; тука е столбот што го исправив меѓу себе и тебе:

52 овој куп и овој столб нека бидат сведоштво дека нема да тргнам против тебе, од зад овој куп, и дека ти нема да тргнеш против мене, од зад ова ритче и спомеников.

53 Авраамовиот Бог и Нахоровиот Бог и Богот на нивните татковци нека ни биде наш судија!” Јаков се заколна во Бога - во Стравот на татка си Исака.