8 Ако тој речеше: ‘Секоја шарена нека ти биде плата, ‘тогаш целото стадо раѓаше шарени; ако пак речеше: ‘Капчестите нека ти бидат за плата,’ тогаш целото стадо раѓаше капчести.
9 Така Бог му го одзеде добитокот на татка ви и ми го даде мене.
10 Еднаш, кога стадото се оплодуваше, одненадеж видов во сон дека јарците во стадото, додека се спаруваа беа капчести, делумно бели и шарени.
11 Уште во сонот, Божји ангел ме повика: ‘Јакове!’ ‘Еве ме!’ реков.
12 А тој продолжи: ‘Забележи добро дека јарците во стадото, што се спаруваат се капчести, делумно бели и шарени. Имено, Јас видов сè што ти направи Лаван.
13 Јас Сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде со масло го помаза столбот и каде ми направи завет. Сега стани и оди си од оваа земја; врати се во својата родина!’”
14 Рахила и Лија му одговорија на тоа: „Зар уште имаме наследнички дел во својот татков дом?