1 Јаков одеше по својот пат, кога во пресрет му излегоа Божји ангели.
2 Штом Јаков ги забележа, рече: „Ова е Божјо воинство!” Затоа го нарече местото Маханаим.
3 Јаков испрати гласници, пред себе, до брата си Исава во Сирската Земја во месноста Едом,
4 и им наложи: „Вака ќе му речете на мојот господар Исав: ‘Твојот слуга Јаков ти порачува: „Живеев при Лавана, се задржав таму досега.
5 Придобив говеда, ослиња, овци, слуги и слугинки. Му го соопштувам ова на својот господар, за да најдам милост во неговите очи.’”
6 Гласниците се вратија при Јакова и му рекоа: „Бевме кај твојот брат Исав; самиот тој ти доаѓа во пресрет со четири стотини момчиња.”
7 Јаков се исплаши многу. Во загриженоста, ги подели во две дружини: луѓето, стадата, говедата и камилите, што беа со него.