18 Одговори: ‘На твојот слуга Јаков; ова е дар што му го испраќа на својот господар Исав; а тој иде по нас.’”
19 Така им нареди и на вториот, па на третиот, и на сите други што одеа по стадата: „Ова кажете му на Исава кога ќе го сретнете.
20 И кажете му уште: „А твојот слуга Јаков и самиот иде по нас.” Имено, мислеше: „Ако го смилувам, однапред, со подароците, а потоа се соочам со него, можеби ќе ми прости.”
21 Така подароците тргнаа напред, додека тој ја преспа ноќта во логорот.
22 И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок.
23 И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сè свое. И Јаков остана сам.
24 И Некој се бореше со него до зазорување.