20 И кажете му уште: „А твојот слуга Јаков и самиот иде по нас.” Имено, мислеше: „Ако го смилувам, однапред, со подароците, а потоа се соочам со него, можеби ќе ми прости.”
21 Така подароците тргнаа напред, додека тој ја преспа ноќта во логорот.
22 И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок.
23 И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сè свое. И Јаков остана сам.
24 И Некој се бореше со него до зазорување.
25 Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа.
26 Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!” Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.”