25 Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа.
26 Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!” Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.”
27 Тогаш, го праша: „Како ти е името?” Одговори: „Јаков.”
28 Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.”
29 Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?” А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?” И го благослови таму.
30 Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.”
31 Сонцето изгреа над него, кога заминуваше од Фануил. Кривеше заради колкот.