Битие (1 Moj.) 32:3-9 MKB

3 Јаков испрати гласници, пред себе, до брата си Исава во Сирската Земја во месноста Едом,

4 и им наложи: „Вака ќе му речете на мојот господар Исав: ‘Твојот слуга Јаков ти порачува: „Живеев при Лавана, се задржав таму досега.

5 Придобив говеда, ослиња, овци, слуги и слугинки. Му го соопштувам ова на својот господар, за да најдам милост во неговите очи.’”

6 Гласниците се вратија при Јакова и му рекоа: „Бевме кај твојот брат Исав; самиот тој ти доаѓа во пресрет со четири стотини момчиња.”

7 Јаков се исплаши многу. Во загриженоста, ги подели во две дружини: луѓето, стадата, говедата и камилите, што беа со него.

8 Сметаше: „Ако Исав налета на едната дружина и ја нападне, другата ќе може да се спаси.”

9 Тогаш Јаков се помоли: „О, Боже на татка ми Авраама! Боже на мојот татко Исак! О, Господи, Кој ми нареди: ‘Врати се во својот роден крај, и Јас ќе ти сторам добро!’