Битие (1 Moj.) 32:6-12 MKB

6 Гласниците се вратија при Јакова и му рекоа: „Бевме кај твојот брат Исав; самиот тој ти доаѓа во пресрет со четири стотини момчиња.”

7 Јаков се исплаши многу. Во загриженоста, ги подели во две дружини: луѓето, стадата, говедата и камилите, што беа со него.

8 Сметаше: „Ако Исав налета на едната дружина и ја нападне, другата ќе може да се спаси.”

9 Тогаш Јаков се помоли: „О, Боже на татка ми Авраама! Боже на мојот татко Исак! О, Господи, Кој ми нареди: ‘Врати се во својот роден крај, и Јас ќе ти сторам добро!’

10 Не сум достоен за сета добрина што му ја искажуваше на својот слуга постојано. Зашто некогаш само со својот стап поминав преку Јордан, а сега станав две дружини.

11 Избави ме од рацете на брата ми, од Исавовите раце! Инаку се плашам дека може да дојде и да нè убие: и мене, и мајките, и децата.

12 Ти рече: ‘Ќе ти давам изобилно добрини и твоето потомство ќе го умножам како морскиот песок, што не може да биде изброен заради своето множество.’”