1 А Јаков се настани во земјата, во која татко му престојуваше како придојденик - во Ханаанската Земја.
2 Еве ја Јакововата историја. Како момче, на седумнаесет години, Јосиф ги чуваше стадата, со своите браќа, со синовите на Вала и Зелфа, кои беа жени на татка му. Јосиф му носеше на татка си лоши гласови за нив.
3 Јаков го љубеше Јосифа повеќе од кој и да е свој син, зашто беше дете на неговата старост, и тој му направи шарена облека.
4 Но неговите браќа забележија дека татко им го љуби повеќе од сите други свои синови, па го замразија толку, што не можеа да му речат ни пријатен збор.
5 Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа.