14 Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.” Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем.
15 Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”
16 „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”
17 А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.
18 Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.
19 Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот!
20 Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”