15 Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”
16 „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”
17 А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.
18 Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.
19 Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот!
20 Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”
21 Но кога Рувим го чу тоа, се обиде да го избави од нивните раце. И рече: „Да не му го одземаме животот!