Битие (1 Moj.) 37:20-26 MKB

20 Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”

21 Но кога Рувим го чу тоа, се обиде да го избави од нивните раце. И рече: „Да не му го одземаме животот!

22 Не пролевајте крв - зборуваше натаму Рувим. - Фрлете го во јама за вода во пустината, ама не кревајте раце на него!” Така сакаше да го избави од нивните раце и да го одведе при таткото.

23 Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него;

24 го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа.

25 Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет.

26 Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв?