Битие (1 Moj.) 37:23-29 MKB

23 Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него;

24 го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа.

25 Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет.

26 Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв?

27 Ајде, да го продадеме на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.” Браќата го послушаа.

28 Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет.

29 Кога Рувим се врати до јамата за вода и виде дека го нема Јосифа во јамата за вода, ја скина својата облека.