33 Тој ја препозна и рече: „Облеката е на мојот син! Див ѕвер го растрга! Јосиф е растрган на делови!”
34 И Јаков ја скина својата облека, стави покорничко вреќиште околу половина, и долго време го оплакуваше својот син.
35 Сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не можеше да се утеши. Велеше: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето. Така го оплакуваше неговиот татко.
36 А Мадијамците го продадоа, во Египет, на Петефриј, фараонов царедворец, началник на телохранителите.