Битие (1 Moj.) 37:8-14 MKB

8 Неговите браќа го прашаа: „Да не сакаш да зацаруваш над нас? Сакаш ли да ни бидеш господар?” И го замразија уште повеќе, заради неговото раскажување на соништата.

9 Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!”

10 Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?”

11 И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сè.

12 Еднаш неговите браќа отидоа да ги чуваат татковите стада во близина на Сихем.

13 Израел му рече на Јосифа: „Твоите браќа ги чуваат стадата при Сихем, па ајде да те испратам кај нив.” Тој му одговори: „Добро, одам.”

14 Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.” Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем.