Битие (1 Moj.) 38:12-18 MKB

12 Долго време потоа, почина Сујината ќерка, Јудината жена. Кога помина времето на жалост, Јуда отиде, заедно со својот пријател Одоламецот Ир, во Тамна, за да ги стриже своите овци.

13 Ја известија Тамара: „Ене ти го свекорот - и рекоа - на пат за Тамна, за да ги стриже овците.”

14 Таа ја соблече вдовичката облека, се покри со превез и се завитка и седна на влезот во Енаим, што е на патот за Темна. Имено, виде дека Шела порасте, ама неа уште не ја омажија за него.

15 Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.

16 Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”

17 „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”

18 А тој ја праша: „Какво емство да ти оставам?” Таа одговори: „Својот печат на врвцата, и стапот што ти е во раката.” & ги даде и едното и другото, а потоа и пријде, и таа зачна од него.