Битие (1 Moj.) 38:14-20 MKB

14 Таа ја соблече вдовичката облека, се покри со превез и се завитка и седна на влезот во Енаим, што е на патот за Темна. Имено, виде дека Шела порасте, ама неа уште не ја омажија за него.

15 Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.

16 Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”

17 „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”

18 А тој ја праша: „Какво емство да ти оставам?” Таа одговори: „Својот печат на врвцата, и стапот што ти е во раката.” & ги даде и едното и другото, а потоа и пријде, и таа зачна од него.

19 Потоа таа стана и си отиде; го симна од себе превезот и пак ја облече својата вдовичка облека.

20 Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.