15 Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.
16 Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”
17 „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”
18 А тој ја праша: „Какво емство да ти оставам?” Таа одговори: „Својот печат на врвцата, и стапот што ти е во раката.” & ги даде и едното и другото, а потоа и пријде, и таа зачна од него.
19 Потоа таа стана и си отиде; го симна од себе превезот и пак ја облече својата вдовичка облека.
20 Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.
21 Ги праша луѓето во местото: „Каде е блудницата, која се наоѓаше покрај патот за Енаим?” Тие му одговорија: „Тука никогаш немаше блудница.”