Битие (1 Moj.) 38:19-25 MKB

19 Потоа таа стана и си отиде; го симна од себе превезот и пак ја облече својата вдовичка облека.

20 Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.

21 Ги праша луѓето во местото: „Каде е блудницата, која се наоѓаше покрај патот за Енаим?” Тие му одговорија: „Тука никогаш немаше блудница.”

22 Така тој се врати при Јуда и рече: „Не можев да ја најдам. Освен тоа, луѓето во местото ми рекоа дека таму никогаш немало блудница.”

23 Јуда рече: „Да не станеме за смеа, нека ги држи! Еве, и го испратив јарево, ама ти не ја најде.”

24 Од прилика по три месеци му донесоа вест на Јуда: „Твојата снаа Тамара блудствува, па во блудството и зачнала.” „Изведете ја - нареди Јуда - па нека биде изгорена!”

25 Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!”