2 Тука Јуда ја забележа ќерката на еден Хананец - кој се викаше Суја - и се ожени со неа.
3 & пристапи, па таа зачна и роди син, кому му го даде името Ир.
4 Таа зачна пак, роди син, и му го даде името Онан.
5 Роди уште еден син и го нарече Шела. Се наоѓаше во Ахдив кога го роди него.
6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”