Битие (1 Moj.) 38:23-29 MKB

23 Јуда рече: „Да не станеме за смеа, нека ги држи! Еве, и го испратив јарево, ама ти не ја најде.”

24 Од прилика по три месеци му донесоа вест на Јуда: „Твојата снаа Тамара блудствува, па во блудството и зачнала.” „Изведете ја - нареди Јуда - па нека биде изгорена!”

25 Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!”

26 Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.

27 Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.

28 Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”

29 Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.