26 Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.
27 Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.
28 Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”
29 Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.
30 Потоа излезе брат му, кој имаше црвен конец околу раката. Него го нарекоа Зара.