5 Роди уште еден син и го нарече Шела. Се наоѓаше во Ахдив кога го роди него.
6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”
9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.
11 Тогаш Јуда и рече на својата снаа Тамара: „Остани вдовица во домот на татка си, додека потпорасне мојот син Шела.” Имено, се боеше дека и тој би можел да умре, како неговите браќа. И така Тамара отиде да живее во татковиот дом.