Битие (1 Moj.) 40:13-19 MKB

13 По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.

14 Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.

15 Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”

16 Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.

17 Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”

18 Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.

19 По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”