Битие (1 Moj.) 40:7-13 MKB

7 Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”

8 Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”

9 И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.

10 На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.

11 Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”

12 Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.

13 По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.