14 Фараонот веднаш испрати по Јосифа; го извлекоа набрзина од темницата; му ја истригаа косата, го облекоа во ново облекло, и тој стапи пред фараонот.
15 Тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Сонував сон, но никој не може да го протолкува, чув за тебе дека можеш да го протолкуваш сонот, штом ќе го чуеш.”
16 „Јас не можам ништо - му одговори Јосиф на фараонот - туку Бог ќе му даде вистински одговор на фараонот.”
17 Тогаш фараонот му раскажа на Јосифа: „Во својот сон стоев на брегот на Нил.
18 И ете! Седум дебели и убави крави излегоа од Нил, пасеа низ трските.
19 По нив излегоа седум други крави, беа слаби, многу грозни, костенливи, никогаш не видов толку грди крави во целата Египетска Земја!
20 И седумте слаби и грозни крави ги изедоа првите седум дебели крави.