20 И седумте слаби и грозни крави ги изедоа првите седум дебели крави.
21 Па иако ги проголтаа, не се гледаше дека имаат нешто во утробата: беа грозни како и порано. Тогаш се разбудив.
22 Потоа видов на сон како на едно стебленце израснаа седум полни и убави класови.
23 Но после нив израснаа седум згрчени, празни, класови, опалени од источен ветер.
24 И слабите класови ги изедоа седумте полни класови. Ова им го раскажав и на вражалците, но нема никој да ми објасни.”
25 Тогаш Јосиф му рече на фараонот: „Фараоновиот сон е само еден: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.
26 Седумте убави крави, тоа се седум години; седумте убави класови пак се седум години. Тоа е само еден сон.