26 Седумте убави крави, тоа се седум години; седумте убави класови пак се седум години. Тоа е само еден сон.
27 Седумте слаби и грозни крави по нив, а исто така и седумте празни, од источник опалени, класови, означуваат седум гладни години.
28 Тоа е она што веќе му го реков на фараонот: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.
29 Ете, настапуваат седум години на големо изобилство во сета Египетска Земја.
30 А по нив ќе дојдат седум гладни години, кога ќе се заборави сето изобилство во Египетската Земја.
31 Кога гладот ќе пустее низ земјата, не ќе се знае ни дека имало изобилство во земјата - заради гладот што ќе дојде - зашто ќе биде многу голем.
32 А тоа што фараоновиот сон се повтори, значи дека Бог навистина се одлучи за тоа и дека наскоро ќе го спроведе.