Битие (1 Moj.) 41:36-42 MKB

36 Собраниот вишок нека служи за исхрана во земјата во седумте години на глад, што ќе ја снајде Египетската Земја, така што земјата да не пропадне од гладот.”

37 Им се допадна одговорот на фараонот и на сите негови службеници.

38 Затоа фараонот им рече на своите службеници: „Зар можеме да најдеме друг човек како што е овој, во кого е Божјиот Дух?”

39 А тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Откако Бог ти го откри сè тоа тебе, нема никој способен и мудар како што си ти.

40 Ти ќе бидеш управител на мојот дворец: сиот мој народ ќе им се покорува на твоите наредби. Единствено со престолот јас ќе бидам поголем од тебе.

41 Еве, те поставувам - му рече фараонот на Јосифа - над целата Египетска Земја.”

42 Потоа фараонот го извади печатниот прстен од својата рака и го стави на Јосифовата рака. И го облече Јосифа во облека од најубава ткаеница, а околу вратот му обеси златна огрлица.