39 А тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Откако Бог ти го откри сè тоа тебе, нема никој способен и мудар како што си ти.
40 Ти ќе бидеш управител на мојот дворец: сиот мој народ ќе им се покорува на твоите наредби. Единствено со престолот јас ќе бидам поголем од тебе.
41 Еве, те поставувам - му рече фараонот на Јосифа - над целата Египетска Земја.”
42 Потоа фараонот го извади печатниот прстен од својата рака и го стави на Јосифовата рака. И го облече Јосифа во облека од најубава ткаеница, а околу вратот му обеси златна огрлица.
43 Тој се возеше на кола, како негов заменик, а пред него викаа: „На колена!” Така го постави над целата Египетска Земја.
44 Уште фараонот му рече на Јосифа: „Иако сум јас фараон, никој нема да ги помрдне своите раце ни нозе без твое одобрение во целата Египетска Земја.
45 Фараонот го нарече Јосифа „Сафнат Панеах” и му ја даде за жена Асенета, ќерката на Поти Фер, свештеник во Он. И Јосиф тргна по целата Египетска Земја.