4 Грдите и слабите крави ги изедоа убавите и дебелите, а тогаш фараонот се разбуди.
5 Пак заспа и виде друг сон: седум полни и крупни класови израснаа од едно стебленце.
6 Но, ете, по нив израснаа седум слаби класови, изгорени од источниот ветер.
7 Празните класови ги голтнаа седумте крупни и полни класови. И фараонот се разбуди, и ете: тоа беше сон.
8 Утрото, фараонот беше смутен во духот, па ги повика сите египетски волшебници и мудреци: им ги раскажа фараонот своите соништа, но никој не можеше да ги протолкува.
9 Тогаш главниот фараонов виноцрпец проговори: „Треба денес да си спомнам за еден свој пропуст.
10 Еднаш, кога фараонот се налути на своите службеници, на мене и на главниот лебопекар, нè стави во темницата на началникот на телохранителите.