1 Кога Јаков чу дека има жито во Египет, им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг!
2 Чув дека има жито во Египет! Отидете долу и набавете ни го оттаму, за да останеме во живот и да не изумреме.”
3 Така десетте Јосифови браќа слегоа да набават жито во Египет.
4 Јаков не го испрати со другите Венијамина, вистинскиот Јосифов брат. Велеше: „Да не му се случи некаква несреќа.”
5 Меѓу оние кои одеа да набават жито, зашто владееше глад во Ханаанската Земја, беа и Израелевите синови.