Битие (1 Moj.) 42:27-33 MKB

27 Кога еден од нив ја отвори, во преноќиштето, својата вреќа, за да го нахрани ослето, ги виде своите сребреници одозгора во вреќата.

28 „Моето сребро ми е вратено! - им извика на браќата. - Еве го во мојата вреќа!” Срцето затрепери во нив. Се загледаа уплашени и рекоа: „Што ни го стори ова Бог?”

29 Откако дојдоа при својот татко Јаков, во Ханаанската Земја, му кажаа што им се случи.

30 „Човекот, кој е господар на онаа земја - рекоа - ни зборуваше остро и нè обвини како согледувачи.

31 ‘Чесни луѓе сме - му рековме - и никогаш не сме биле извидници.

32 Бевме дванаесет браќа, синови на ист татко, но едниот веќе го нема, додека најмладиот се наоѓа сега со нашиот татко во Ханаанската Земја.’

33 Но човекот, кој управува над таа земја, ни рече: ‘Вака ќе научам дали сте чесни луѓе: оставете еден брат кај мене, а вие другите земете жито заради гладот на вашите семејства, па одете си.