9 Јосиф си спомна за соништата што ги виде за нив. И им рече: „Вие сте согледувачи! Дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”
10 Тие му одговорија: „Не, господару! Твоите слуги дојдоа да набават храна.
11 Сите ние сме синови на еден татко; чесни луѓе сме; твоите слуги никогаш не биле согледувачи.”
12 Тој пак им рече: „Не, туку дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”
13 Тие одговорија: „Ние, твоите слуги, бевме дванаесет браќа - синови на еден татко - во Ханаанската Земја; најмладиот е сега со таткото, а едниот веќе го нема.”
14 Но Јосиф им дофрли: „Онака е како што веќе ви реков: вие сте согледувачи!
15 Вака ќе ве испитам: жив да ми е фараонот, оттука нема да излезете, ако вашиот најмлад брат не дојде тука!