1 Тогаш Јосиф му нареди на управителот на своето домаќинство: „Наполни ги вреќите на луѓево, со храна, колку што можат да носат, а сребрениците на секого стави ги при отворот на неговата вреќа.
2 А мојата чаша - онаа од сребро - стави ја во отворот на вреќата на најмладиот, заедно со неговото сребро за житото.” Тој направи како што му нареди Јосиф.
3 Кога се раздени, ги испратија луѓето и нивните ослиња.
4 Точно по излегување од градот - не беа заминати далеку - кога Јосиф му рече на началникот на својот дом: „На нозе! Тргни по луѓето! Кога ќе ги стигнеш, речи им: ‘Зошто враќате зло за добро?