Битие (1 Moj.) 44:11-17 MKB

11 Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.

12 Тој пребаруваше, почнувајќи од највозрасниот и завршувајќи со најмладиот, чашата беше најдена во Венијаминовата вреќа.

13 Тогаш тие ги скинаа своите облеки; секој повторно го натовари своето осле и се вратија во градот.

14 Кога Јуда и неговите браќа стапија пак во Јосифовиот дом, тој уште беше таму, и паднаа пред него на земја.

15 Јосиф им рече: „Какво е тоа дело што го сторивте? Зар не знаете дека човек, каков што сум јас, се бави со пророкување?”

16 Јуда одговори на тоа: „Што можеме да му речеме на својот господар? Што можеме да му кажеме? Со што да се оправдаме? Бог го откри злоделото на твоите слуги. Еве нè за робови на својот господар - еднакво и ние и оној, кај кого е најдена чашата.”

17 „Далеку од мене да направам така! - одговори. - Туку, мој роб ќе биде оној, кај кого е најдена чашата, а вие другите одете си мирно при својот татко!”