23 Но ти им рече на своите слуги: ‘Ако вашиот најмлад брат не дојде со вас ваму, нема повеќе да го видите лицето мое.’
24 Кога се вративме при твојот слуга, мојот татко, му ги кажавме зборовите на мојот господар.
25 Нашиот татко ни рече: ‘Одете пак и набавете ни малку храна!’
26 Му одговоривме: ‘Не можеме таму, само ако тргне со нас нашиот најмлад брат, ќе слеземе, зашто не смееме пред оној човек, ако нашиот најмлад брат не биде со нас.’
27 Твојот слуга, татко ми, ни одговори: ‘Како што знаете, мојата жена ми роди два сина.
28 Едниот го снема, па заклучив: дека е растрган од ѕвер. Оттогаш веќе не го видов.
29 Ако и овој го одведете од мене, па му се случи некаква несреќа, ќе ја фрлите со тага мојата седа глава долу, во Шеолот (гроб).’