26 Му одговоривме: ‘Не можеме таму, само ако тргне со нас нашиот најмлад брат, ќе слеземе, зашто не смееме пред оној човек, ако нашиот најмлад брат не биде со нас.’
27 Твојот слуга, татко ми, ни одговори: ‘Како што знаете, мојата жена ми роди два сина.
28 Едниот го снема, па заклучив: дека е растрган од ѕвер. Оттогаш веќе не го видов.
29 Ако и овој го одведете од мене, па му се случи некаква несреќа, ќе ја фрлите со тага мојата седа глава долу, во Шеолот (гроб).’
30 Ако сега дојдам при твојот слуга, мојот татко, а младецот - чиј живот е поврзан толку со неговиот - не биде со нас,
31 тој ќе умре кога ќе види дека детето го нема со нас; така твоите слуги ќе ја фрлат со тага седата глава на твојот слуга, на татка ни, долу во Шеолот.
32 Зашто твојот слуга му заемчи на татка си за детето, велејќи: ‘Ако не ти го вратам, ќе му бидам виновен на татка си засекогаш.’