5 Зар мојот господар не пие од онаа чаша и не чита пророштва од неа? Направивте зло!’”
6 Откако ги стигна, ги повтори зборовите.
7 Тие одговорија: „Зошто господарот ни зборува така? Далеку да е од твоите слуги да сторат нешто такво!
8 Па и сребрениците што ги најдовме во своите вреќи, ти ги вративме назад од Ханаанската Земја. Како би можеле тогаш да украдеме сребро или злато од куќата на твојот господар!
9 Оној, од твоите слуги, во кого ќе се најде, нека биде убиен, а ние другите ќе му станеме робови на твојот господар.”
10 „Иако е право тоа што го предлагате - рече тој - сепак само оној, кај кого ќе биде најдено украденото, ќе биде мој роб, а другите ќе бидете слободни.”
11 Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.