11 Го врзува своето ждребе за лозата, а неговото младо осле за племенита пенушка. Тој ја пере својата облека во вино, својата носија во крвта на грозјето.
12 Неговите очи ќе црвенеат од вино, забите ќе белеат од млеко.
13 Завулон ќе живее покрај морскиот брег, ќе биде пристаниште на бродови и ќе граничи со Сидон.
14 Исахар е јако осле, легнато меѓу оградите.
15 Виде дека починката е пријатна, а земјата убава, па ги подметна своите плеќи под бреме и се согласи со потчинетост.
16 Дан ќе го суди својот народ, како секое Израелево племе.
17 Дан нека биде змија на патот, отровница покрај патека, што ќе го касне коњот за ногата, така што јавачот ќе падне назад.