17 Дан нека биде змија на патот, отровница покрај патека, што ќе го касне коњот за ногата, така што јавачот ќе падне назад.
18 Господи, се надевам на Твоето спасение!
19 Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.
20 Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.
21 Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.
22 Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.
23 Стрелци го огорчија, стрелаа на него, и го гонеа.