18 Господи, се надевам на Твоето спасение!
19 Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.
20 Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.
21 Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.
22 Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.
23 Стрелци го огорчија, стрелаа на него, и го гонеа.
24 Но неговиот лак останува цврст, мишките му зајакнаа, преку рацете на Силниот Јаковов, преку името на Пастирот, на Израелевата Стена,