18 Тогаш неговите браќа дојдоа сами кај него, се фрлија пред него и му рекоа: „Еве нè кај тебе да ти бидеме робови!”
19 Јосиф одговори: „Не бојте се! Па зар сум јас место Бога!
20 Освен тоа, иако имавте вие намера да ми сторите зло, Бог го сврте тоа кон добро: да направи тоа што се случува денес - да спаси живот на голем народ.
21 Затоа не бојте се! Јас ќе се грижам за вас и за вашите деца.” Така ги смири со љубезни зборови.
22 Јосиф остана во Египет заедно со својот и со татковиот род; Јосиф живееше сто и десет години.
23 Така Јосиф ги виде Ефремовите деца до третото колено; а му се раѓаа деца и на Махир, синот Манасиев, на Јосифови колена.
24 Најпосле Јосиф им рече на браќа си: „Еве, јас ќе умрам скоро, но Бог, навистина, ќе се сети за вас и ќе ве изведе од земјава во земјата што им ја вети, под заклетва, на Авраама, Исака и Јакова.”