22 Јосиф остана во Египет заедно со својот и со татковиот род; Јосиф живееше сто и десет години.
23 Така Јосиф ги виде Ефремовите деца до третото колено; а му се раѓаа деца и на Махир, синот Манасиев, на Јосифови колена.
24 Најпосле Јосиф им рече на браќа си: „Еве, јас ќе умрам скоро, но Бог, навистина, ќе се сети за вас и ќе ве изведе од земјава во земјата што им ја вети, под заклетва, на Авраама, Исака и Јакова.”
25 Тогаш Јосиф ги заколна Израелевите синови: „Бог вистина ќе се сети за вас, и тогаш изнесете ги моите коски оттука!”
26 Јосиф умре кога му беа сто и десет години; го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.