1 Зборовите на Еремија, синот Хелкиин, свештеник од Анатот, во Венијаминовата Земја.
2 Господовото слово му дојде нему, во деновите на Јосиј, синот Амонов цар Јудин, во тринаесеттата година на неговото владеење:
3 потоа во деновите на Јоаким, синот Јосиин, царот Јудин, до свршетокот на единаесеттата година на Седекиј, синот Јосиин, царот на Јудеја, сè до заточението на Ерусалим во петтиот месец.
4 Ми дојде Господовото слово:
5 „Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.”