Еремија 12 MKB

1 Преправеден си, Господи, за да можам да се судам со Тебе: Само едно би расправил со Тебе: Зошто е злосторничкиот пат успешен? Зошто подмолниците уживаат мир?

2 Ти ги посади, а тие се вкоренеа, растат и донесуваат плод. Но Ти си близу само до нивната уста, а далеку си од нивните срца.

3 Но Ти, Господи, ме познаваш мене и ме гледаш; го испита моето срце, тоа е со Тебе. Одведи ги како јагниња на колење, запази ги за денот на колежот.

4 До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.”

5 Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки?

6 Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.

7 Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели.

8 Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.

9 Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете.

10 Мнозина пастири го запустија моето лозје, го изгазија мојот дел; моето мило наследство го претворија во гола пустина,

11 го претворија во запустеност, жалосна пустина е пред мене. Сета земја е пуста зашто никој не го зема тоа при срце.

12 Преку сите пустински голини, се нафрлија разурнувачи. Зашто во Господа е мечот што голта: од едниот крај на земјата до другиот нема мир за ниедно тело.

13 Сееја пченица, а пожнееја трње: се исцрпија без полза. Се срамат од својот производ, сè заради Господовата јарост.”

14 Господ зборува вака: „За сите Мои лоши соседи, кои напаѓаа на наследството што Му го дадов на Мојот народ Израел, Јас ќе ги откорнам од нивната земја. Но Јудиниот дом ќе го истргам од нивна средина.

15 А кога ќе ги откорнам, пак ќе им се смилувам и ќе ги поведам назад, секого во наследството и во земјата негова.

16 Па, ако навистина ги научат патиштата на Мојот народ и ако почнат да се заколнуваат во Моето Име - ‘Живиот ми Господ’ - како што го учеа Мојот народ да се заколнува во Ваала, тогаш пак ќе се настанам среде Мојот народ.

17 Ако пак не послушаат, тогаш таквиот народ потполно ќе го откорнам и ќе го сотрам,” зборува Господ.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52