1 Словото што му го упати Еремија на писарот Варух, синот Нириин, додека тој ги запишуваше тие зборови во книжниот свиток од Еремиината уста, во четвртата година на Јоаким, синот Јосиин, јудејскиот цар:
2 „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за тебе, Варух:
3 ‘Зашто рече: „Тешко мене зашто Господ ми дава неволја врз неволја. Се заморив од воздивнувања и не можам да најдам мир!”‘
4 Вака ќе му кажеш: ‘Господ зборува вака: „Еве, што изградив, ќе го разурнам, што посадив, ќе го откорнам - по сета земја!
5 А ти бараш чудеса за себе! Не барај го тоа! Зашто, ете, ќе навалам зло врз сè живо - зборува Господ. А тебе како плен ќе ти го подарам твојот живот во сите места каде ќе дојдеш.”‘“