Еремија 1:12-18 MKB

12 Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”

13 И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”

14 И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.

15 Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите северни царства - Господово слово е. И тие ќе дојдат: секое од нив ќе го стави својот престол пред влезот на вратата на Ерусалим, против сите негови ѕидови, и против сите јудејски градови.

16 И ќе им судам за сите нивни зла; затоа што Ме оставија, затоа што им кадеа на други богови и им се клањаа на делата на своите раце.

17 Ти сега препаши ги своите бедра, стани, па ќе им зборуваш сè што ќе ти заповедам тебе. Не трепери пред нив, за да не треба да направам да се стресеш пред нив.

18 Ете, денес те поставувам како утврден град, како железен столб, како бронзен ѕид против сета земја: против царевите и кнезовите јудејски, против свештениците и народот на оваа земја.