8 Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,” говори Господ.
9 И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.
10 Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.”
11 И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?” А јас реков: „Гледам бадемова гранка.”
12 Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”
13 И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”
14 И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.