Еремија 1:9-15 MKB

9 И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.

10 Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.”

11 И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?” А јас реков: „Гледам бадемова гранка.”

12 Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”

13 И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”

14 И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.

15 Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите северни царства - Господово слово е. И тие ќе дојдат: секое од нив ќе го стави својот престол пред влезот на вратата на Ерусалим, против сите негови ѕидови, и против сите јудејски градови.